Долго се чекаше продолжението на сезоната на Спортска прогноза што за Вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија и конечно по два месеци пауза, на ред е 14-тото коло и тоа е спектакуларно.
Почетокот и дуелот за Манчестер меѓу јунајтед и Сити во сабота од 13.30 часот е супер најава за продолжување на возбудувањата и тоа воедно е и последниот термин до кој можете да се вклучите со свои прогнози за 14-тата рунда.
Во сабота има уште пет меча, а внимание привлекува и баскиското дерби меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао од 21 часот.
Сите 13 натпревари и двете резервни двојки се од Топ-5 лигите во Европа, што е познат терен за прогнозерите, па може да се очекува и жестока битка за наградите во бесплатната игра.
Во недела има уште 7 натпревари, сите се исклучителнио интересни, а спектакли се очекуваат во Лондон, на градското дерби меѓу Тотенхем и Арсенал од 17.30 часот и час и половина подоцна во Лисабон, каде што ќе има уште една градска пресметка меѓу Бенфика и Спортинг.
Најуспешните во секое коло ги наградува Sport Life, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти: Смарт ТВ Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет и X Box Series X.
Стандардно подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, а им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life и за тие со две утки, а се добива ваучер од 500 денари.
Колото ќе биде отворено за прогнозирање од денеска од 14 часот, па сè до сабота до 13.30 часот и почетокот на манчестерското дерби на „Олд Трафорд“ меѓу Јунајтед и Сити.