Долгогодишната десна рака на Клоп доби нова функција

Жељко Бувач, босанскиот тактичар со српско потекло е назначен за нов спортски директор на Динамо Москва. Со рускиот клуб потпиша две и пол годишен договор, а ова му е прв ангажман откако го напушти стручниот штаб на Ливерпул во април 2018 година.

Бувач беше долгогодишна десна рака на Јирген Клоп, цели 17 години седеше до германскиот стратег и го следеше од Мајнц, до Борусија Дортмунд па сè до клупата на Црвените. Тој добиваше голема заслуга за секој успех на Клоп во клубовите кои работеше, но по нивната неочекувана разделба непосредно пред финалето во ЛШ во сезоната 2017/18 се очекуваше самостојно да работи.

Сега ќе ја има улогата на прв оперативец кога во прашање се ангажманите на Динамо.

https://twitter.com/FCDM_official/status/1223512692306128897

- Оглас -

Најнови вести