10.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Доминираат мечевите од Лигата на шампиони, а домаќините треба да бидат главни

6738 Галатасарај – Жалгирис (20:30 ч.)

Жалгирис имаше многу среќа во првото квалификациско коло кога ја елиминираше Струга Трим Лум, но покажа дека и против Галатасарај може да биде ривал за респект. На првиот меч, Жалгирис водеше со 1:0, а потоа со гол во 92 минута се спаси од пораз и дуелот заврши 2:2.

Галатасарај нема да смее да си дозволи нов ваков кикс како пред една недела и турскиот гигант сигурно сега пред своите наиввачи ќе заигра многу поангажирано и без многу мака ќе победи.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.67)

 

6735 Молде – ХЈК (19 ч.)

ХЈК на првата средба победи со 1:0 иако Молде беше фаворит. Овојпат норвешкиот тим игра пред своите навивачи и гостите од Финска ќе треба многу да се помачат за да стигнат до посакуван резултат, а тоа е да не загубат.

Хелсинки во претходното коло од квалификациите за ЛШ едвај го елиминираше тимот од Северна Ирска, но Молде е многу подобар ривал и тука треба да заврши патот на Финците во квалификациите за ЛШ.

Предлог тип: 1&2-4 (1.71)

 

6737 Копенхаген – Бреидаблик (20 ч.)

Очигледна е разликата во класи на овие ривали, па Копенхаген на првиот меч на гости победи со 2:0. Данскиот тим сега пред своите навивачи само рутински треба да го продолжи походот кон Лигата на шампиони.

Копенхаген игра отворено и на повеќе голови, па може да се очекува дека домаќините ќе „решетат“ со голови во двете полувремиња.

Предлог тип: T1 1-3 I& Т1 1-3 II (1.97)

 

6733 Генк – Сервет (19 ч.)

Првиот дуел заврши без победник 1:1, што значи дека вечерва ќе биде многу интересно. Белгискиот тим е фаворит, но сигурно дека и Сервет нема предвреме да се предаде.

Сервет е тим кој игра офанзивно, па ретко кога ја сочувува својата мрежа, но барем често знае и да се израдува на погодок.

Предлог тип: ГГ3+ (2.05)

 

6732 Хакен – Клаксвик (19 ч.)

Клаксвик кој е шампион на Фарски Острови е најпријатното изненадување во овие квалификации од ЛШ. Во претхоното коло, Клаксвик го елиминираше унграски Ференцварош и тоа со победа од 3:0 на гостински терен.

Сега пред овој тим е нов голем предизвик и тоа на гости кај Хакен, кој сезонава во домашното првенство на свој терен има осум победи во девет дуели. Домаќините се фаворити, но треба да се има претпазливост.

Предлог тип: 1X&1-3 (1.82)

- Оглас -

Најнови вести