Сите три натпревари од премиерлигашкиот термин во 16 часот завршија во корист на гостинските екипи, а кој си одигра на нивен триумф, добро си заработи.
Арсенал важеше за огромен фаворит против Брајтон, но на крајот загуби со 1:2, а стрелци на головите беа Леонард Трусард (28′) и Енок Мвепу (67′), додека единствениот гол за Арсенал го даде Мартин Одегард во 90-та минута. Иако домаќините дадоа еден гол, тој беше поништен поради милиметарски офсајд. За победа на Брајтон, квотата во билтенот на Sport Life изнесуваше 5.50.
Челзи немаше милост над Саутемптон и мрежата на „светците“ ја погоди дури шест пати и тоа преку: Маркос Алонсо (8′), Мејсон Маунт (16′, 54′), Тимо Вернер (21′, 49′) и Каи Хаверц во 31-та минута.
Квотата за Сините од Лондон во Sport Life изнесуваше 1.98.
Лидс, пак оствари важна победа над Ватфорт во борбата за опстанокот откако славеше со 3:0. Стрелци на погодоците беа Рафиња (21′), Родриго (73′) и Џек Харисон (85′), а гостинскиот триумф во Sport Life беше вреднуван со 2.65.