Домаќините фаворити, евролигашката понуда на Sport Life е со 26-мина кошаркари за играта „плус-минус“ поени (Фото)

Вечерва во кошаркарската Евролига се играат три натпревари, а според квотите во Sport Life, фаворити за победа на два меча се домашните екипи, додека третиот дуел треба да биде најнеизвесен.

Најголем фаворит за триумф е Барселона, која го пречекува Панатинаикос, кој конечно успеа да го совлада најголемиот ривал Олимпијакос. Победата над Олимпијакос треба да ја крене самодовербата кај играчите на Пао, но проблем ќе претставува отсуството на Костас Слукас, кој има стомачен вирус. Барселона пак новата сезона ја започна со четири победи и потоа загуби во кошаркарското Ел класико. Вечерва има одлична шанса да се врати на победничките патеки и квотата за триумф на шпанскиот тим изнесува 1.29.

Екипата на Виртус Болоња е најпријатно изненадување во Евролигата со скор од четири победи и еден пораз, иако состојбата во клубот беше конфузна пред стартот на сезоната. Тренерот Серџо Скариоло беше незадоволен од состојбата во клубот и си поднесе оставка непосредно пред стартот на новата сезона, а управата реагираше фантастично со носењето на Лука Банки. Виртус предводен од Торнике Шенгелиј игра одлично и вечерва го пречекува Анадолу Ефес, кој засега не делува убедливо. Квотата за триумф на Виртус изнесува 1.71.

Најнезивесно се очекува да биде на дуелот меѓу Басконија и Партизан. Шпанскоит тим очајно ја започна сезоната, поради што управата одлучи да го врати Душко Ивановиќ на клупата. Ивановиќ сезоната ја започна како тренер на Црвена ѕвезда, но по трите порази по ред во Евролигата, доби отказ. Басконија е во мала предност, квотата за „кец“ изнесува 1.92, додека таа за триумф на Партизан е 2.05.

Во понудата на Sport Life богата е понудата и за игрите „плус-минус“. Има 26-мина кошаркари за коишто може да погодувате колку поени ќе постигнат, потоа 14-мина кошаркари за погодување на бројот на скокови, а 13-мина играчи се во понудата за играта „плус-минус“ асистенции.

- Оглас -

Најнови вести