Домаќините ќе доминираат во македонскиот фудбал

Пет меча се играат денеска во Прва фудбалска лига на Македонија и сите започнуваат во 13 часот. Лидерот Шкупи во Чаир е домаќин на последнопласираниот Пелистер и тука повеќе од јасно е дека бодовите треба да останат за домаќините.

И Академија Пандев е во улога на фаворит на дуелот кој ќе го игра во Струмица против Тиквеш. Во шест меча сезонава на свој терен, Академија Пандев има четири победи, а Тиквеш на гости нема успех, освен две нерешени.

Во улога на фаворити на домашен терен се и Шекдија против Брегалница Штип, како и Струга Трим Лум во дуелот со Работнички. Сите овие мечеви може да ги играте во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести