6734 Англија жени – Норвешка жени (21 ч.)
Ова е дерби на второто коло од Европското првенство за жени. Англичаните играат на домашен терен и тоа ги прави фаворитки, но не треба да се потцени силата на Норвежанките.
Меѓусебните дуели на овие две селекции покажува дека двете репрезентации имаат по четири победи, а само еден дуел завршил нерешено. Дури на осум меча имало барем два гола, што е најава дека и вечерва треба да биде интересно и со погодоци.
Предлог тип: 1Х&2-4 (1.75)
3156 Берое – Ботев Вратса (19:45 ч.)
По шесте меча одиграни во првото коло во Бугарија, нема ниту еден нерешен резултат. Вечерва се играат последните два дуели за комплетирање на првото коло, а Берое дома е во улога на фаворит за триумф против Ботев.
Берое има осум победи и само еден пораз во последните девет меѓусебни дуели, што значи дека и долго време не одиграле нерешено.
Предлог тип: 1Х&0-2 (2.00)
2835 Валур – Кефлавик (21:15 ч.)
Валур е тим кој дома секогаш атакува на победа. Од шест меча пред своите навивачи, имаат пет победи, додека Кефлавик на пет гостување, сезонава имаат четири порази.
Традицијата на меѓусебните дуели е дефинитивно на страна на Валур кој има девет победи и само едно реми во последните 10 средби со Кефлавик.
Предлог тип: 1&T12+ (1.72)
2606 Хамерби – Гетеборг (19 ч.)
Хамерби дома игра квалитетно и во шест средби нема пораз. Гетеборг врза три победи во низа, но сепак овојпат тешко дека може да се очекува да се радуваат гостите.
Гетеборг дури 13 меча нема победа над Хамерби кој може да се пофали со осум победи и пет нерешени во меѓусебните средби одиграни во последните шест години.
Предлог тип: 1-1 (2.45)
3137 Колубара – Раднички (20 ч.)
Дуел на две екипи кои минатата сезона завршија во долниот дел од табелата во Суперлигата во Србија.
Колубара има поквалитетен тим, а тоа се потврди и во минатосезонските три меча кога Колубара победи два пати, а еден меч завршил нерешено.
Предлог тип: 1 (2.19)