Два од трите домаќини на Светското првенство во 2026-тата, САД и Канада синоќа одиграа пријателски натпревар кој заврши со изненадувачки резултат. Победата им припадна на фудбалерите на Канада со 1-2, што за нив е само втора гостинска победа над САД во историјата, но и прва после пауза од 67 години.
На натпреварот во Канзас за канаѓаните погодија Шафелбург и Дејвид, додека единствениот гол за САД беше дело на Лука де ла Торе.
Канада се до синоќа единствената победа над САД на гостински терен ја оствари во далечната 1957-ма година, кога победиле со 2-3. Од тогаш одиграа 23 натпревари на кои канаѓаните немаа победа.