Сите три екипи кои беа домаќини во денешниот прв термин за натпревари во Бундеслигата, остварија победи.
Фудбалерите на Ред Бул Лајпциг со 2:1 го совладаа новиот бундеслигаш Хајденхајм во 13-то коло.
Со победата, Ред Бул Лајпциг се искачи на четвртото место на табелата со 26 бода, прескокнувајќи ја Борусија Дортмунд која утре ја очекува дуел со лидерот на табелата Баер Леверкузен. Хајденхајм остана на 11 бода и се наоѓа на 14-то место на табелата.
Резултатот го отвори Лоис Опенда во 29-та минута со голот од пенал. Во финишот на првиот дел, Јусуф Поулсен зголеми на 2:0, но гостите преку Гимбер намалија на 2:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.
Борусија Менхенгладбах со 2:1 го совлада Хофенхајм, додека најубедливиот триумф го забележа Бохум и тоа од 3:1 против Волфсбург.