1009 Барнли – Ливерпул (15 ч.)
Ливерпул има три победи во три меча од Премиер лигата и сигурно ја има фаворитската улога на ова гостување. Барнли има има една победа и два порази и тешко дека ќе може да му парира на актуелниот првак.
Ливерпул има пет победи по ред во дуелите со Барнли, а вкупно девет триумфи во последните 11 средби со овој ривал. Често тоа се дуели на кои има два или повеќе погодоци.
Предлог тип: 2&2-4 (2.16)
1707 ПСЖ – Ленс (17:15 ч.)
Очекувано е тоа што ПСЖ има три победи во првите три кола, но добар е и Ленс со две победи и еден пораз. Во меѓусебните дуели, ПСЖ има пет победи, а еднаш Светците се радуваа по дополнителни 30 минути игра во Купот.
Кога играат овие два ривали, погодоците не изостануваат, а најчесто топката завршува во мрежата на Ленс.
Предлог тип: 1& 1+I & 1+II (1.73)
3008 Милан – Болоња (20:45 ч.)
Двата тима имаат по една победа и пораз во првите две кола. Минатата сезона Болоња му го нанесе еден од најболните порази на Милан и тоа во финалето на Купот со 0:1. Тоа значи дека Росонерите имаат дополнителен мотив сега да се реваншираат.
Болоња има цврста одбрана и на „Сан Сиро“ сигурно ќе се обиде добро да се одбрани.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.35)
1308 Барселона – Валенсија (21 ч.)
Барселона прв пат сезонава ќе биде домаќин во Примера дивисион, а тоа ќе биде на стадиончето „Јохан Кројф“ кој има капацитет од само 6.000 гледачи. Дуелите на овие два ривали најчесто се асоцијација за многу голови.
На три од последните четири пресметки на овие ривали имало пет или повеќе голови, а Барселона се радувала на сите четири дуели.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.13)
1957 Фенербахче – Трабзонспор (18 ч.)
Фенербахче почнува една нова ера, ера по Жозе Мурињо, во надеж дека конечно ќе бидат конкурентни на Галатасарај. Голем предизвик имаат денеска бидејќи ривал им е Трабзонспор кој има три победи и едно реми, без пораз. Трабзонспор има примено само еден гол, што значи дека има цврста одбрана.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.69)