Домаќините се фаворити на седум од деветте меча во НБА, дури пет средби се сигурици

Дури девет натпревари се играат ноќеска во НБА-лигата, а интередно е дека домаќините треба да бидат во улога на фаворити дури на седум пресметки.

На пет меча има апсолутни фаворити. Најдобриот тим во лигата, Бостон, треба да слави против Оклахома, а Атланта треба да донесе радост за своите фанови против еден од најслабите состави во лигата, Детроит. Чисти кецови треба да се и Милвоки против Мемфис, односно Минесота во пресметката со Торонто. Од гостинските екипи, најголем фаворит е Лос Анџелес лејкерс, кој треба да се радува против Вашингтон.

За овие девет натпревари, тука е и одличната понуда за „плус-минус“ поени на играчите кои треба да се појават на паркетот.

- Оглас -

Најнови вести