Вечерва во арените во САД ќе се одиграат осум натпревари во НБА-лигата и сите имаат по 161 комбинација. Може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.
Спорд квотите, домаќините се фаворити на седум од осумте меча, а „сигурица“ треба да бидат Голден Стејт вориос кој го пречекува Хјустон рокетс, Феникс санс кој игра против Оклахома сити тандерс, како и ЛА Клиперс кој игра против Сакраменто кингс.
Дербито ќе се игра во Милвоки каде Бакси играат против Мајами хит и тоа ќе претставува пресметка меѓу вториот и седмиот тим на табелата во Источната конференција. Благ фаворит е Милвоки и квотата за „единица“ изнесува 1.83, но, неизвесен е настапот на Јанис Адетокумбо. Исто така, не смее да се потцени Мајами кој го предводи Џими Батлер.
Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари. Дури 45-мина играчи кои ноќеска треба да се појават на паркетот се дел од понудата во Sport Life за „плус-минус“ поени.
Фаворити за плус поени над предложената граница се Џими Батлер, Џру Холидеј, Демар Дерозан, Пол Џорџ…