1003 Манчестер сити – Лидс (21 ч.)
Нема дилеми дека домаќинот е апсолутен фаворит за победа. Сити ја има најдобрата одбрана во лигата, а Лидс на гости освои само шест бода во осум меча. Сепак, не треба да се заборави дека Лидс само пред осум месеци го изненади Сити и победи со 2:1 во Манчестер.
Традицијата вели дека на последните 10 меѓусебни дуели, просекот на постигнати голови е над три по меч, па и сега може да се очекуваат возбудувања.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.71)
1804 Волфсбург – Келн (20:30 ч.)
Две екипи на кои главна мисија им е да останат во елитата. Волфсбург дома загуби на четири од последните пет меча, а Келн е тим против кого може да ја прекинат оваа лоша низа.
Волфсбург дома против Келн има шест победи и две ремија во последните осум средби и сега нема да киксне.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.00)
1656 Андерлехт – Сент Труден (21 ч.)
Андерлехт спои три победи во низа, додека Сент Труден има три порази по ред. Некогашниот белгиски гигант игра отворен фудбал со многу дадени и примени гола. Во 18 меча има вкупно 63 дадени и примени голови, односно паѓаат по 3,5 погодоци на меч.
Четири победи и две нерешени има Андерлехт во последните шест меча со денешниот ривал, па едноставно домаќините се големи фаворити за освојување на трите бода.
Предлог тип: 1&3+ (1.86)
1362 Алкојано – Леванте (21 ч.)
Во 18 натпреварувачки меча кои сезонава ги одигра Леванте, победи само еднаш. Тоа беше во првото коло од Купот, а сега тимот на Енис Барди повторно ќе игра во Купот.
Третолигашот Алкојано не би требало да биде проблем за Леванте конечно да победи и да се врати самодовербата во тимот, кој ако продолжи во лош ритам, нема да му избега испаѓање од Примера дивисион.
Предлог тип: 2 (1.51)
1655 Серкл Бриж – Сераинг (18:45 ч.)
Две екипи коишто имаат освоено само 19 бода по 18 кола во Белгија. Сераинг во првиот дел од сезоната славеше со 2:1 над овој ривал.
Серкл Бриж влезе во одиграна серија од три победи и домаќините сигурно нема да дозволат кикс против директниот ривал за опстанок.
Предлог тип: 1-1 (2.45)

