18.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Ливерпул, Барселона и Атлетико дома секогаш се во улога на фаворити

1008 Ливерпул – Челзи (21:15 ч.)

Ливерпул сезонава дома има осум победи и две нерешени и едноставно мора да освои три бода против Челзи да остане со комотна предност пред вториот Арсенал. Традицијата во дуелите на овие два тима е неверојатна и вели дека последните седум меча во сите натпреварувања завршиле нерешено. Во овие 7 ремија, дури четирипати било без голови, двапати 1:1 и еднаш 2:2.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.15)

 

1006 Тотенхем – Брентфорд (20:30 ч.)

Тотенхем го има еден од најдобрите напади во Премиер лигата и вечерва ќе атакува на трите бода. Брентфорд сезонава на гости има освоено само седум бода дури во девет средби, а интересно е дека на последните три дуели меѓу овие ривали имало барем четири гола.

Брентфорд и на осум од последните девет средби коишто ги одигра е со гол-гол комбинација, што е уште една потврда дека треба да има погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.82)

 

1301 Барселона – Осасуна (19 ч.)

Очајна е формата на Барселона, која загуби на три од последните пет меча, во кои сите беа со комбинација гол-гол 4+. Каталонскиот гигант веќе заостанува 10 бода зад најголемиот ривал Реал Мадрид и веќе е далеку од трката за титулата.

Сепак, едноставно тимот на Чави Ернандес мора да покаже сила и да донесе малку радост за фановите. Барселона петпати по ред ја победуваше Осасуна и оваа низа треба да продолжи.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.60)

 

1302 Атлетико Мадрид – Рајо Ваљекано (21 ч.)

Во првиот дел од сезонава Атлетико Мадрид го понижи Рајо Ваљекано со убедливи 7:0. Атлетико Мадрид дома е доминантен и има 10 победи и едно реми во 11 средби, а традицијата вели дека Рајо нема никакви шанси на овој дуел.

Во последните 15 дуели на овие два тима, Атлетико има 12 победи и само три нерешени, а Рајо ниеднаш не се израдувал. Рајо го има вториот најслаб напад, а главен адут во одбраната им е Столе Димитриевски.

Предлог тип: 1&0-3 (2.26)

 

1664 Стандард Лиеж – Антверпен (21 ч.)

Две екипи кои многу често сезонава играат нерешено, но традицијата вели дека во шесте меѓусебни дуели секогаш имало победник (Антверпен се радувал четирипати, а Стандард бил подобар во две средби).

Традиционално има многу погодоци кога играат меѓу себе и тоа треба да е поткрепа дека треба да се одигра на погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.08)

 

- Оглас -

Најнови вести