Домаќините се во улога на фаворити

6766 Ајакс – Војводина (20:30 ч.)

Четирикратниот европски првак Ајакс новата сезона ја започнува со дуел на свој терен и тоа против српскиот тим, во квалификациите од Лигата на Европа. Војводина е во одлична форма и има шест победи по ред во подготовките и во првото коло од новата сезона, а тоа најчесто беа мечеви со повеќе од три погодоци.

Ако се знае дека и Ајакс негува офанзивен фудбал, може да се очекуваат погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.30)

 

6736 Брага – Макаби Петах Тиква (21:30 ч.)

Нема дилеми дека домаќините се големи фаворити за освојување на трите бода. Брага одигра шест контролни дуели во последните 20-тина дена и тоа беа ефикасни пресметки.

Макаби ПТ нема да може да парира на домаќините па ќе биде вистинско чудо ако успее да остане непоразен.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.78)

 

6731 Молде – Силкеборг (19 ч.)

Освен домашниот терен, предноста на Молде е и фактот дека првенството на Норвешка е во полн ек. Моментално, Молде е трет во домашниот шампионат и во просек дава два гола, а прима еден погодок.

Силкеборг е тим кој сака да игра отворен фудбал без многу калкулации, но тешко дека ќе може да парира на овој ривал.

Предлог тип: 1&3+ (2.19)

 

6750 Клуж – Неман (19:30 ч.)

Не треба да има споредба меѓу квалиетот на фудбалот во Романија и тој во Белорусија. Клуж рутински треба да ја заврши работата на свој терен и да има мирен реванш во квалификациите од Конференциската лига.

Во корист на Неман е само фактот дека овој тим веќе одигра 15 меча од домашното првенство и е во натпреварувачки ритам, но тешко дека ќе ги спаси од пораз.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)

 

6746 Пакс – АЕК Ларнака (20 ч.)

Овој дуел се смета како еден од најнеизвесните во квалификациите од Конференциската лига. Пакс сигурно ќе сака да го искористи домашниот терен и да стигне до поволен резултат пред реваншот.

АЕК Ларнака нареди четири порази и три реми во последните седум дуели, па тоа треба да е уште една предност за домаќините.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.06)

 

- Оглас -

Најнови вести