6107 Данска – Исланд (20:45 ч.)
Исланд пред само три дена одигра исцрпувачки меч против Унгарија на гости и загуби со 2:1, што значеше и крај на сонот дека Рибарите може да одат на Европско првенство. Исланд водеше до 88 минута, а потоа прими два гола и покантно загуби.
Во Лигата на нации Исланѓаните одамна се откажани и ги загубија сите четири меча досега па сигурно се последни. Данска има шанса со победа дури да избие на прво место во групата пред Белгија и Англија кои играат меѓусебе.
На последните пет меча, Данска нема примено ниту еден гол и треба сигурно да се радува вечерва.
Предлог тип: 1-1&2-4 (2.90)
6105 Холандија – БиХ (18 ч.)
Франк де Бур како селектор постави неславен рекорд бидејќи е прв стратег кој на репрезентативната клупа започнал без победа на првите четири средби. Со Де Бур на чело Лалињата имаат пораз од Мексико (0:1) и нерешени со БиХ (0:0), Италија (1:1) и Шпанија (1:1).
Реално сега е дојдено време за триумф против БиХ, каде моралот е паднат по неуспехот да се пласираат на ЕП. Босна и Херцеговина нема ниедна победа во 2020 година, па реално е во Амстердам да бидат поразени.
Предлог тип: 1-1 (2.03)
6128 Словенија – Косово (20:45ч.)
Пред еден месец Словенија победи на гости во Приштина, покажувајќи дека е подобар тим. Ако до лани беа хит во Европа со добрите игри, сега Косоварите се многу паднати во формата и ритамот. На последните девет меча, односно во последните 12 месеци имаат дури седум порази и само две нерешени.
Реално, Косово нема ни мотив за што да игра, додека Словенија со победа може дури и да го осигура првото место во групата. Словенија има гранитна одбрана и во четирите досегашни средби од групата, не прими ниту еден гол.
Предлог тип: 1 (1.95)
6113 Турција – Русија (18 ч.)
Турците како да станаа експерти за нерешени, па последните пет меча им се без победник, но важно е тоа што најчесто има многу голови. И Русите се во серија од три нерешени, па ако се гледа по таа низа, „иксот“ е најреален.
Овие ривали во последните две и пол години одиграа четири пати и секогаш имало барем два гола. Русите сакаат да го задржат првото место во групата, додека Турција реално е со теоретски шанси да се надева за нешто такво.
Предлог тип: 1-3 I& 1-3II (2.03)
6108 Италија – Полска (20:45 ч.)
Полска е лидер во групата со Италија, Холандија и БиХ, па сигурно на Аѕурите нема да им биде лесно да стигнат до посакуваните три бода. Минатиот месец одиграа без голови на теренот на Полјаците, а сигурно и сега ќе се одигра тврд дуел, со малку погодоци, но секако ќе биде сензација ако Италија загуби.
Предлог тип: 1Х&0-2 (1.87)