35.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Домаќините треба да доминираат

2837 Ројал Унион – Андерлехт (20:30 ч.)

Дерби во четвртфиналето на Купот во Белгија на двете екипи кои се најсериозни во трката за титулата во првенството. Ројал Унион нема пораз на последните 12 меча, а Андерлехт е без пораз на последните 13 одиграни дуели.

Сепак, кога се работи за меѓусебните дуели, Ројал Унион е доминантен и има седум победи по ред против овој ривал, што е неверојатен податок. Најчесто има барем два погодоци на овие екипи кои негуваат офанзивен фудбал.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.88)

 

1091 Борнмут – Свонси (20:45 ч.)

Дуел од 16-финалето во ФА купот на Англија. Борнмут ја има предноста на домашен терен и сигурно нема да му дозволи на второлигашот да се надева на пласман во следната фаза.

Свонси е дури 16-ти во Чемпионшип и има слаба одбрана. Интересно е дека овие два тима сезонава веќе играа, и тоа во Лига купот, кога Борнмут на теренот на Свонси победи со 3:2. И традицијата вели дека погодоците не фалат во овие пресметки, па треба да се очекуваат повеќе голови.

Предлог тип: 1&1+I&1+II (1.68)

 

1468 Атлетико Мадрид – Севилја (21 ч.)

Домаќинот е фаворит да се избори за место во полуфиналето на Купот во Шпанија. Севилја нареди четири порази по ред во првенството, каде што е во опасност дека може дури и да испадне, што доволно покажува во колку лоша форма е тимот од Андалузија.

Атлетико во првенството пред еден месец во Мадрид ја победи Севилја минимално со 1:0, а домашните фанови и сега чекаат радост, и тоа во меч на кој не би требало да има многу погодоци затоа што добро е познат стилот на игра на Јорганџиите.

Предлог тип: 1&0-3 (2.40)

 

1959 Галатасарај – Истанбулспор (18 ч.)

Градска пресметка во која нема дилеми дека домаќинот ќе победи. Галатасарај со три бода ќе се израмни со Фенербахче на врвот на табелата, додека Истанбулспор е закован на дното на табелата и сигурно ќе испадне на крајот од сезоната.

Истанбулспор има просек од речиси два примени гола по меч. Галатасарај ги доби последните пет пресметки со овој ривал, а ретко се случува Истанбул да даде гол.

Предлог тип: 1-1&2-4 (2.50)

 

5611 Саудиска Арабија – Тајланд (16 ч.)

Меч од третото коло на Азискиот куп. Саудиска Арабија има две победи, а Тајланд е со победа и реми, па сега ќе решаваат за првата позиција. Шест победи и едно реми има Саудиска Арабија, што покажува дека е во одлична форма.

И традицијата вели дека Саудиска Арабија е голем фаворит затоа што има девет победи и само едно ремо во десетте пресметки против Тајланд.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.17)

- Оглас -

Најнови вести