34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Домаќините треба да доминираат, голови не смее да фалат

1006 Манчестер сити – Челзи (18:30 ч.)

Челзи е четврти на табелата со два бода повеќе од Манчестер сити. Граѓаните сега ја имаат предноста на домашен терен, но и традицијата која вели дека има девет победи и две нерешени во последните 11 натпревари одиграни со Челзи.

Двата тима имаат дадено по 44 погодоци во 22 меча, што значи дека имаат просек од два гола на меч. Одбраната не им е многу стабилна, па секако дека ова треба да биде пресметка со погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ4+ (2.09)

 

1704 ПСЖ – Реимс (21:05 ч.)

Пари Сен Жермен е тимот кој со години доминира во домашното првенство. Светците даваат во просек речиси три гола на меч, а сезонава дома имаат осум победи и само едно реми во девет дуели.

Реимс сепак знае да биде незгоден ривал за ПСЖ, па четири пати во последните пет меча било нерешено, нешто со кое ниту еден друг тим во Франција не може да се пофали. Сепак, ПСЖ е полн со самодоверба по победата над Манчестер сити во Лигата на шампиони и ќе се обидат тој добар ритам да го продолжат.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.09)

 

1807 Борусија М. – Бохум (18:30 ч.)

Борусија Менхенгладбах има три порази по ред во првенството, но сега не може да посака подобар гостин од Бохум. Токму Бохум сезонава е најслаба екипа на гости, па во девет средби на туѓ терен има дури осум порази и само едно реми.

Сепак, Бохум на последните пет меча има две победи, две реми и еден пораз што доволно покажува дека ќе продолжи да се бори да го избегне дното на табелата.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)

 

1304 Севилја – Еспањол (18:30 ч.)

Сите параметри покажуваат дека домаќинот е фаворит. Севилја е во подобра форма, на подобро место е на табелата, игра дома, а има и осум победи и две реми во последните 10 пресметки со Еспањол.

Речиси секогаш пресметките на овие ривали биле интересни и со погодоци и тоа во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 3+ (2.55)

 

1540 Спортинг – Национал (21:30 ч.)

Спортинг ги искористи киксовите на Бенфика и Порто и сег е лидер, а ако сака така да остане не смее да киксира против ривали како Национал кој се бори за опстанок.

Спортинг е како голгетерска машина и во просек дава по три гола на меч, што значи дека ова треба да биде лесен триумф на фаворитот.

Предлог тип: 2-3 I&4+ (2.80)

 

- Оглас -

Најнови вести