1309 Реал Мадрид – Атлетик Билбао (21 ч.)
Реал Мадрид е речиси перфектен домаќин и сезонава има 12 победи и само две нерешени без пораз. Атлетик Билбао сезонава игра одлично посебно во одбраната, па ова ќе биде и пресметка на тимовите со најдобри дефанзиви.
Дека нема многу голови кога играат овие два тима покажува и традицијата која вели дека на седум од последните осум натпревари немало повеќе од два погодоци, а само еднаш биле постигнати три гола.
Предлог тип: 1&0-3 (2.50)
1808 Штутгарт – Хајденхајм (17:30 ч.)
Домаќините со победа ќе се доближат само на еден бод до Баерн Минхен кој е втор на табелата, додека Хајденхајм е во долниот дел, но далеку од опасната зона за испаѓање. Дополнителен мотив за Штутгарт треба да биде и фактот дека во првиот дел од сезоната, Хајденхајм победи со 2:0, но сега тешко дека може да очекуваат повторно да изненадат.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.30)
2433 Фарул Констанца – ФЦСБ (20 ч.)
Гостите се лидери на табелата и се главни фаворити за титулата, додека за Фарул е успех што влезе во групата од плејофот, па овој тим едноставно нема што да загуби до крајот на првенството.
Интересно е дека на последните шест меѓусебни средби, Фарул има три победи и едно реми, а ФЦСБ се радувал само два пати. Во овој период, постигнати се вкупно 20 голови, што е просек од над три погодоци на меч.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.97)
1709 Ница – Нант (15 ч.)
Ница беше одлична на свој терен, но во последните три дуели претрпе два порази и еднаш одигра нерешено. Нант е тим кој се бори за опстанок и токму тоа треба да е дополнителен мотив за Ница по подолго време да донесе радост на домашните фанови. На 13 од последните 14 меѓусебни дуели немало повеќе од три голови.
Предлог тип: 1 (1.80)
1009 Ливерпул – Брајтон (15 ч.)
Ливерпул треба да си ја заврши работата на домашен терен и потоа ќе има големи шанси викендот да го заврши како лидер на табелата. Домаќинот на „Енфилд роуд“ е најдобар во лигата и тимот на Јирген Клоп на свој терен има 11 победи и три нерешени.
Брајтон е тим на чии мечеви во просек сезонава има преку три погодоци на меч. Тоа е тим кој игра отворено, офанзивно и без калкулации па нема да биде чудно и да постигне гол на „Енфилд роуд“.
Предлог тип: ГГ3+ (1.70)