Лигата на шампионите мирува овој вторник и среда, но затоа не мируваат фудбалските возбудувања. Денешните пет меча од Квотите на денот носат вкупен коефициент од 43.47.
Во Купот на Германија, Лајпциг е голем фаворит против Хамбургер и тука треба да се очекува лесна победа на домаќинот во меч на кој ќе има барем три погодоци во гостинската мрежа. За 1&T13+ квотата е 2.50.
Брајтон е домаќин на Нотингам форест, а и тука домаќинот треба да победи во дуел на кој ќе има барем еден гол во второто полувреме, што носи квота од 1.85.
Во Белгија, Генк игра против Вестерло, а тука понудата е домаќинот да не загуби, во средба на која двете екипи ќе постигнат барем по еден погодок, што носи коефициент од точно два.
Победа пред своите навивачи очекува и Атлетико Мадрид против Рајо Вајекано во дуел на мадридските ривали. Јорганџиите да победат во дуел на кој ќе има 2-4 погодоци, квотата е 2.35.
Торино и Цитадела играат во Купот на Италија, а тука предлогот е да се одигра на погодоци. Во двете полувремиња треба да има 1-3 гола, што се вреднува со квота од два.