Домаќините вечерва треба да доминираат во топ 5 лигите

Вердер – Штутгарт (20:30 ч.)

Ситуацијата со Штутгарт е алармантна. Тимот има шест порази во последните седум кола, во кои освои само еден бод. Токму поради оваа очајна серија, Штутгарт падна на 16-тото место, во зоната за испаѓање од Бундеслигата. Вердер е во сосема спротивна ситуација. Домаќините имаат пет меча без пораз во првенството и се сигурни на средината од табелата.

Токму затоа Вердер ќе игра многу порелаксирано, а Штутгарт е под притисок дека конечно ќе мора да преземе нешто и да освојува бодови. Со 50 примени гола досега, Штутгарт ја има најслабата одбрана во лигата и тоа ветува дека ќе има погодоци.

Предлог тип: Т12+&ГГ (2.45) – Квота на денот во Sport Life

 

Еспањол – Уеска (21 ч.)

Уеска ја игра првата сезона во Примера во клупската историја, а како што се чини, веднаш ќе се врати во Сегунда. Гостите се заковани на дното од табелата само со 18 бода од 24 меча и со шест бода заостануваат од зоната која носи спас.

Еспањол не е многу подобар и е во долниот дел од табелата, но кога игра на свој терен, каталонскиот тим е одличен и има 7 победи во 11 меча. Ако се знае дека Еспањол и есеноска без проблеми на гости ја победи Уеска со 2-0, сега се очекува нов сигурен триумф на домаќините.

Предлог тип: 1+I&3+ (2.30) – Квота на денот во Sport Life

 

Милан – Емполи (20:30 ч.)

Емполи на последното гостување на „Сан Сиро“ победи со 2-1, а и во есенскиот дел од оваа сезона не загуби од „росонерите“ откако на свој терен одигра 1-1. Сепак, фактот дека Милан се бори за место кое води во Лигата на шампиони, а гостите се на последната позицијата за опстанок во Серија А, јасно кажува кој е фаворит вечерва.

Емполи е убедливо најслабиот тим на гости сезонава, па во 11 меча нема ниту една победа, а само со четири нерешени и седум порази (25 примени голови) покажуваат колку се очајни. Само поради добрата игра на свој терен, Емполи зaсега е надвор од зоната за испаѓање.

Предлог тип: Т1 2-3 (2.10) – Квота на денот во Sport Life

 

Вест хем – Фулам (20:45 ч.)

Дуел на два тима од Лондон кои се во долниот дел од табелата во Премиер лигата. Вест хем четири меча во првенството не знае за победа (два порази и две ремија), но Фулам е противник како по мерка да се прекине оваа лоша низа.

Фулам е мизерен на гости сезонава. Единствен е што нема ниту една победа, а во 13 гостувања претрпе дури 11 порази (даде само 8 гола, а прими 32).

Предлог тип: 1&T12+ (2.25)

 

Дижон – Сент Етјен (19 ч.)

Домаќините се под притисок дека треба да освојуваат бодови за да бидат посигурни на табелата. Сент Етјен е тим кој игра отворено, па често дава, но и прима голови. Гостите се во трка за место кое води во Европа за следната сезона и сигурно ќе сакаат да победат вечерва.

Дижон не е уверлив пред своите навивачи, но и Сент Етјен на гости е слаб, па има само две победи во 12 меча. Најдобро е овој меч да се игра на голови.

Предлог тип: 1-3 I&1-3 II (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести