Оклахома Сити тандер го победи Денвер нагетс со 129-126 во најинтересниот натпревар од НБА-лигата, во вечерта која мина во знакот на домашните екипи кои победија на сите пет меча.
Триумфот на Тандер им го донесе Шај Гилџиус-Александер со тројка на 2,7 секунди до крајот. Канаѓанецот средбата ја заврши со 35 поени, 15 асистенции и 9 скока. Така, тој го израмни рекордот на Вилт Чемберлен од 126 меча по ред на кои дава 20 или повеќе поени. Кај гостите, Никола Јокиќ имаше трипл-дабл од 32 поена, 14 скока и 13 асистенции.
Џејмс Харден стана деветти кошаркар во историјата на НБА со 29.000 поени. Тој до ова достигнување дојде на мечот Кливленд – Филаделфија 115-101, на кој во победата придонесе со 21 поен. Кавалирс имаат 18 победи на последните 24 меча и се доближуваат до третото место на Истокот, на кое во моментов е Њујорк никс само со една победа повеќе од Коњаниците.
Бруклин го совлада Мемфис со 126-115, Јута славеше со 119-116 над Голден стејт, а ЛА клиперс беше подобар од Њујорк со 126-118. Клиперс во март има скор 5-1.
Ова е тројката на Шај со која му донесе победа на својот тим:
SGA CALLED GAME!!! WHAT A SHOT 😱🎯 pic.twitter.com/xUtpY6iCxn
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 10, 2026

