Победата на Исланд над Унгарија од 31-30, значеше крај на настапот на ко-домаќините на Европското првенство во ракомет, па завршницата во Будимпешта ќе се игра без организаторите.
Унгарците кои на стартот шокантно загубија и од Холандија, а потоа одвај ја победија Португалија со еден гол разлика, вечерва останаа без шанси за прво или второ место во групата.
Дерби дуел за прво место се играше во групата Д, а Германците беа убедливи против Полска со 30-23, па тие се први со 6, додека Полјаците се втори со 4.