Домаќинките на ЕП покажаа дека чуда се можни, дали може и Македонија да направи сензација?

Ракометната репрезентација на Словенија го направи првото големо изненадување на Европското првенство кое започна денеска. Словенија, заедно со Црна Гора и Македонија се домаќини на континенталниот собир и уште во првиот меч против фаворизираната Данска покажаа дека изненадувањата се можни. На крајот Словенија победи со 30:28 за голема радост кај 3.500 навивачи во салата во Целје.

Македонија утре во Борис Трајковски игра против фаворизираната Франција, па оваа победа на Словенките треба да биде само еден мотив плус за нашите најдобри репрезентативки дека против никој не смее да се предадат.

Во останатите три денешни меча фаворитите победија. Унгарија со 33:28 ја победија Швајцарија, Норвешка без многу мака со 32:23 ја победи Хрватска, а Шведска беше подобра од Србија со 27:21.

- Оглас -

Најнови вести