Домаќинот Хрватска и Шпанија се финалисти на ЕП во ватерполо

Репрезентациите на Хрватска и Шпанија ќе играат во финалето на Европското ватерполо првенство кое изминатите 15-тина дена се играше во Загреб и Дубровник.

Домаќинот на првенството, Хрватска, во реприза од последното финале, дојде до победа од 11-8 над Унгарија. Хрватите диктираа темпо, но до пласман во финалето дојдоа дури во последниот период кој го добија со 4-2.

Шпанците до четвртото финале во нивната историја дојдоа откако во полуфиналето ја совладаа Италија со 7-4. Тие во досегашните три финалиња не успеаја да дојдат до трофејот, откако губеа од Србија, Унгарија и Југославија.

За разлика од нив, Хрватска има два трофеи од Европските ватерполо првенства на ЛЕН, но и две загубени првенства.

На последниот шампионат Хрватска во финалето ја совлада Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести