Домаќинот на Африканскиот куп на нациите на пенали го исфрли шампионот (Видео)

Селекцијата на Брегот на Слонова Коска се пласира во четвртфиналето на Афиканскиот куп на нациите откако во осминафиналето го елиминира бранителот на трофејот, Сенегал, и тоа по подобро изведување на пенали откако во регуларниот дел и во продолженијата беше 1:1.

https://twitter.com/i/status/1752104469884494293

Домаќинот на Африканскиот куп на нациите во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Мали и Буркина Фасо.

https://twitter.com/i/status/1752105331834908688

Победникот во пенал-рулетот беше решен во третата серија, кога Нијакате ја погоди стативата, додека фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска беа сигурни (погодија Пепе, Куаме, Алер, Орие и Кеси).

Во регуларниот дел, Сенегал поведе уште во четвртата минута со голот на Дијало, а Слоновите израмнија четири минути пред крајот на регуларниот дел преку Франк Кеси, кој погоди од пенал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести