Домаќинот на ЕП во ватерполо е аутсајдер против Италија во борбата за влез во големото финале

Денеска ќе ги дознаеме кои ќе бидат селекциите кои што ќе се борат во големото финале на Европското првенство во ватерполо кое што се одржува во Хрватска.

Организаторот на овој турнир ќе се соочи со Италија во меч којшто е закажан за 20:30 часот, а според квотите, „коцкестите“ се аутсајдери на овој меч.

Триумф на Италија е вреднуван со квота од 1.85, додека за радост на домашната публика во регуларното време има квота од 2.55.

„Спаладиум арената“ во Сплит ќе биде максимално исполнета и ќе навива за своите пулени, а два ипол часа претходно ќе може да го проследи и првиот полуфинален меч.

Таму ќе се сретнат селекциите на Унгарија и Шпанија, а интересно е тоа што за начелните гости има квота од 1.55, додека за една од селекциите со најголема историја во овој спорт има понудено коефициент од 3.50.

Покрај овие, тука се средбите за разигрување на останатите позиции. Така, Црна Гора и Грција (14ч.), како и Франција со Грузија (15:30 ч.) ќе играат за разигрување од петтото до осмото место.

- Оглас -

Најнови вести