Домаќинот во лондонското дерби нема да загуби, победи на второпласираните во Шпанија и Германија

1007 Тотенхем – Вест хем (17:30 ч.)

Лондонско дерби на два тима кои имаат по 48 бодови и се во борба за место кое води во европските купови. Тотенхем може да е во мала предност затоа што игра дома и затоа што играчите на Вест хем може да се поуморни, бидејќи тие во четвртокот играа 120 минути за да се пласираат во четвртфиналето од Лигата на Европа.

На последните 10 меѓусебни меча, Тотенхем има пет победи, а Чеканите се радувале три пати.

Предлог тип: 1Х&2-5 (1.60)

 

1709 Реимс – Лион (17:05 ч.)

Лион има прилично слаба сезона и многу е веројатно да не избори место во европските купови за следната сезона. Кога играле овие два ривали, три од последните пет меча завршиле со резултат 1:1, а четири пати било гол-гол.

Двете екипи често знаат да одиграат и нерешено, па тука ќе се држиме на традицијата и двата тима треба да дадат барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ (1.81)

 

3624 Болоња – Аталанта (20:45 ч.)

Аталанта заедно со Рома се единствените два тима кои останаа во европските купови, а поради натрупаниот распоред, тимот од Бергамо може да не биде доволно одморен за овој меч. Болоња има слаба одбрана што треба да биде предност за Аталанта.

И Болоња и Аталанта имаат само по една победа во последните пет кола, што само потврдува дека играат непредвидливо.

Предлог тип: ГГ3+ (2.16)

 

1810 Келн – Борусија Дортмунд (19:30 ч.)

Борусија Дортмунд има пет победи во последните седум дуели Келн. Малку е неочекувано, но Милионерите во последните три кола во Бундеслигата одиграа средби со 0-2 гола, а Келн четири меча во низа игра со 0-2 погодоци.

Борусија е единствен ривал на Баерн во трката за титулата и ако сака да остане во чекор со Баварците, едноставно мора да ги освои трите бода.

Предлог тип: 2&0-4  (2.70)

 

1309 Севилја – Реал Сосиедад (18:30 ч.)

Севилја се претвори во екпсерт за нерешено и има шест реми во последните осум кола. Во последните осум средби на овие два тима, Севилја има пет победи и три нерешени, а ако се знае дека андалузискиот тим сезонава на свој терен има 10 победи и само три нерешени без ниту еден пораз, јасно е кој е фаворит за победа.

Предлог тип: 1 (2.17)

- Оглас -

Најнови вести