Домантас Сабонис со доминантна партија во стилот на татко му и Јокиќ

Во НБА-лигата се одиграа три натпревари, а беа постигнати следните резултати: Бостон – Детроит 123-99, Мајами – Торонто 114-104 и Њу Орлеанс – Сакраменто 109-111.

Јунак на средбата во Бостон беше Кевин Причард, кој погоди седум тројки и дојде до бројка од 500 погодени тројки во кариерата. Причард стана првиот резервист во славната историја на Селтикс кој на еден меч дал барем 25 поени, имал 10 асистенции и погодил пет тројки. Седум тројки за Келтите погоди и Дерик Вајт, а Бостон е вториот тим во лигата со 20 победи сезонава.

Бам Адебајо (21 поени и 16 скока) и Тајлер Хиро (23 поени) беа предводници на Мајами во победата над Репторс. За Жешките ова е четврти триумф едноподруго.

Најнеизвесно беше во Њу Орлеанс, каде што победија гостите од Калифорнија благодарение на Домантас Сабонис. Литванскиот центар имаше 32 поена и 20 скока, а притоа и погоди над 70 отсто од шутевите од поле. Вакво нешто од 2020 година наваму направиле само уште Никола Јокиќ и Џоел Ембид. Ова е и прв дабл-дабл сезонава во НБА барем со 30 поени и 20 скока.

- Оглас -

Најнови вести