Домашна утеха за ЛШ – Ајакс ја освои 34-тата титула во Холандија (Видео)

Ајакс си најде утеха за несреќниот пораз и елиминацијата од Тотенхем во полуфиналето од Лигата на шампионите и со домашната титула го преболе шокот што го спречи да игра во финалето на елитното европско клупско натпреварување.

Вечерва, со победа од 4:1 против Де Графшап на гостински терен, популарните Копјаници и официјално ја потврдија 34-тата титула во Холандија.

И пред стартот на последното коло беше извесно дека по пет години пауза, пехарот ќе патува за Амстердам, но Ајакс со триумф стави и печат на новиот домашен трофеј.

Ласе Шене со прекрасен погодок од слободен удар во финишот на првиот дел најави победа на гостите, а потоа прецизни беа и Талјафико и двапати Тадиќ.

За домаќините стрелец беше Ел Јебли за израмнување на 1:1, но потоа Ајакс рутински постигна уште три гола и победи за титула во Холандија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести