Вардар го пречекува Еурофарм Пелистер. Тоа секако создава ракометна еуфорија не само во главниот град, туку во цела Македонија. Се очекува жестока борба, тензија на теренот, но и на трибините.

Вардарци ќе ја имаат предноста на домашниот терен во СЦ „Јане Сандански“, па се чини дека тоа е пресудниот фактор за да имаат мала фаворитска улога и кога се квотите во прашање.
„Дерби како секое друго, секогаш сакаш да победиш. Тоа не е натпревар како останатите. Ние се подготвуваме за борба за победа, ништо повеќе или помалку од тоа. Оваа година ќе играме многу вакви натпревари, не само со Еурофарм Пелистер. Секој натпревар може да направи разлика за нашата цел, а тоа е освојувањето на титулата“, изјави тренерот на Вардар, Иван Чупиќ.
Во секој случај, овие дерби-пресметки на најголемите македонски ракометни ривали секогаш се неизвесни до последен момент. Така се очекува да биде и вечерва од 19 часот во арената во Аеродром.