1009 Манчестер сити – Борнмут (17:30)
Манчестер сити е далеку од шампионските денови и игра променливо, но попладнево има шанса да се искачи на втората позиција на табелата. Избраниците на Пеп Гвардиола тоа ќе треба да го направат во директен дуел со најпријатното изненадување оваа сезона во Премиер лигата, екипата на Борнмут. На последните 10 меѓусебни дуели на овие две екипи, Манчестер сити победуваше дури деветпати, а Борнмут победи само еднаш.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.11)
1308 Барселона – Елче (18:30)
Барселона ќе ги лечи раните од поразот во Ел Класико на домашниот дуел против Елче. Роберт Левандовски и Дани Олмо се враќаат во составот на „каталонците“, па избраниците на Ханси Флик се очекува да немаат поголеми проблеми да се вратат на победничките патеки против екипата која ја победуваат 11 пати по ред.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.92)
3655 Милан – Рома (20:45)
Милан и Рома се при самиот врв во италијанската Серија А. Гостите со победа имаат шанса да се искачат на првата позиција, а домашните да се доближат на бод од врвот. Сепак, очекувањата се дека на „Сан Сиро“ ќе се игра тврд и неефикасен фудбал, а она што е сигурно – Милан нема да си дозволи луксуз и пораз пред своите гледачи.
Предлог тип: 1Х & 0-2 (2.06)
3624 Црвена ѕвезда – Радник (17:00)
Црвена ѕвезда е во лоша форма и нема победа на последните три натпревари. „Црвено-белите“ загубија од Брага во Лигата на Европа и од Војводина во домашното првенство, а ремизираа против Раднички во Ниш. Дуелот против Радник од Сурдулица е одлична можност за победа и голеада на белградска „Маракана“, а гледачите ќе имаат можност да видат најмалку пет гола.
Предлог тип: 5+ (2.45)
1543 Порто – Брага (21:30)
Фудбалерите на Порто имаат шанса со победа над Брага да се искачат на чело од табелата во првенството на Португалија. Тие имаат четири победи по ред на домашен терен против денешниот противник, па нема зошто да не победат и вечерва.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.21)

