1117 Арсенал – Брајтон (20:45)
Арсенал е во фантастична форма и во мечот од осминафиналето на англискиот Лига куп против Брајтон влегува со серија од седум победи по ред, но и 10 меча во низа без пораз. Топчиите последен пат загубија од Ливерпул на крајот од август, а вечерва имаат нова шанса за триумф и пласман помеѓу најдобрите осум екипи во ова натпреварување.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.97)
2936 Бенфика – Тондела (21:45)
Бенфика е апсолутен фаворит против Тондела во четвртфиналето од португалскиот Лига куп, но имаат и серија од пет победи по ред против денешниот противник. Тондела последен пат остана непоразена против Бенфика во 2020 година, а нема победа уште од 2018 година.
Предлог тип: 1 & Т1 3+ (1.83)
1116 Свонси – Манчестер сити (20:45)
Фудбалерите на Манчестер сити имаат лесна задача во осминафиналето од Лига купот на Англија бидејќи за противник имаат второлигаш. Свонси не би требало да претставува „опасна“ пречка за избраниците на Пеп Гвардиола бидејќи против овој противник имаат седум победи во низа, а последен пат не успеале да ги победат во 2016 година.
Предлог тип: 2 & 2+ пол. (2.30)
1115 Ливерпул – Кристал палас (20:45)
Актуелниот шампион на Англија, Ливерпул, има можност за одмазда против Кристал палас, екипа која ги победи во меч од Премиер лигата, но и им го „краде“ трофејот од Супер купот на Англија во август. И покрај тоа што Црвените се во лоша форма, сепак се фаворити и од нив се очекува да дојдат до победата на овој натпревар.
Предлог тип: 1 & 0-29min (2.40)
3008 Интер – Фиорентина (20:45)
Интер има можност да се врати на заостанување само од три бода зад Наполи, но за такво нешто потребно ќе биде да ја совладаат Фиорентина. Гостите од Фиренца играат катастрофална сезона и во моментов се на 18-тата позиција со само четири бода. Сè освен победа на Интер на овој меч ќе претставува големо изненадување.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.15)

