1956 Фенербахче – Кочаелиспор (20:30)
Фенербахче имаше неочекувано лош старт на турската Супер лига, па во првото коло одигра само 0-0 против Гозтепе. Избраниците на Жозе Мурињо вечерва имаат идеален противник за убедлива победа, со оглед на фактот дека Кочаелиспор го отвори првенството со два порази. Фенербахче на последните 10 натпревари против денешниот противник има шест победи, а останатите четири средби завршиле нерешено.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.77)
1704 Лион – Мец (21:05)
Фудбалерите на Лион имаат одлична можност да дојдат до два од дват на стартот од Лига 1, бидејќи вечерва пред својата публика го пречекуваат Мец. Домашните се големи фаворити, двапати со по 2-1 го победуваа денешниот противник на последните три меѓусебни меча, а традицијата вели дека последните пет натпревари на овие екипи завршувале со по најмалку два гола и секогаш тоа било со „гол-гол“.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.98)
1007 Арсенал – Лидс (18:30)
Арсенал со минимална победа од 0-1 над Манчестер јунајтед на гости ја започна новата сезона во Премиер лигата, а тоа е одлична најава за амбициите на „топчиите“. Избраниците на Микел Артета сега имаат нов предизвик, кој се вика Лидс, а се освен убедлива победа ќе биде големо изненадување. Арсенал има пет победи по ред против Лидс, а последниот пораз во меѓусебните дуели го доживеале во 2003 година.
Предлог тип: 1 & 0-29min (1.82)
1304 Леванте – Барселона (21:30)
Барселона покажа сила уште од стартот на новата сезона во Ла Лига и победи со 0-3 на гостувањето кај Мајорка. Сега пред „каталонците“ е ново гостување, овојпат во Валенсија против Леванте. Барселона има шест победи по ред ако се сметаат и пријателските натпревари, а гол-разликата е фантастична, 26 дадени и само четири примени гола. На последните пет меѓусебни натпревари, Барселона победи четирипати, а еднаш беше нерешено.
Предлог тип: 2 & ГГ (2.40)
1303 Атлетико Мадрид – Елче (19:30)
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.10)