Дербито е во Битола: Пелистер сака да го „матира“ Чаир, МЗТ и Работнички треба рутински да победат

Комплетното 19 коло од кошаркарската Прва лига на Македонија се игра денеска, а сите шест средби се дел од понудата на Sport Life. Најинтересно се очекува да биде во Битола, каде Пелистер е домаќин на Чаир.

Битолчани на свој терен имаат седум победи и само два порази, што го прави да биде во улога на фаворит. Чаир игра одлично сезонава, а на свој терен го победија Пелистер со 87:80, па сега ќе се обидат да се радуваат и в о Битола.

МЗТ Скопје Аеродром дома игра против ТФТ Скопје, а аеродромци имаат осум победи во низа против овој ривал. ТФТ е во одлична форма и има пет победи по ред во првенството.

Најлесна задача треба да имаат Гостивар кој пред своите навивачи игра против Вардар, како и Работнички за кој ќе биде чудо ако не се радува на гости во Охрид.

- Оглас -

Најнови вести