39.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Домашните екипи ќе победат во сите пет мечеви од Типстерските совети

2802 ФК Копенхаген – Вејле (18.00 часот)

Домашните се огромни фаворити во овој дуел од второто коло во данското првенство. На стартот, Копенхаген победи со 3-2, а Вејле одигра 1-1. Тимот од главниот град имаше и меч од квалификаиците во ЛШ против Дрита кој го доби со 2-0, а против Вејле ќе сакаат да го продолжат позитивниот тренд и како победници да одат на реваншот во Косово. Вејле пред 25 години победи на гости против Копенхаген, а од тогаш сите нивни дуели на „Паркен“ завршувале со триумф на домашните.

Предлог тип: 1 & 2+ пол. (2.65)

 

2505 Бодо/Глимт – Валеренга (18.00)

Бодо со победа има шанса да фати приклучок кон врвот во норвешката лига, тие се тим со најмалку примени голови, и одат по четвртата победа по ред. Валеренга не е лоша, има само еден пораз во последните четири кола, но Бодо не би требало да ја испушти приликата да освои нови три бода. Валеренга на последните две гостувања кај Бодо прими вкупно 9 голови, а веќе 16 години немаат победа на гости кај вечерашниот противник.

Предлог тип: 1-1 (1.85)

 

4203 Алдосиви – Њуелс Олд бојс (19.30 часот)

Алдосиви се надева на првата победа сезонава, а ова е меч од третото коло во Аргентина. Њуелс имаше по една победа и пораз со по 2-1 во воведните две рунди. Алдосиви е единстен тим во групата А кој уште нема постигнато гол. Њуелс победи на последното гостување кај Алдосиви, но тоа беше во септември 2022 година, во нивните меѓусебни дуели никогаш не било нерешено.

Предлог тип: 12 & 2+ (2.10)

 

3132 Ц. Ѕвезда – ОФК Београд (20.00 часот)

Ова е дуел од второто коло во српската Суперлига, а на стартот Ѕвезда победи со 4-0, а ОФК загуби со 1-3. Тука е јасно дека има голема разлика во квалитетот, но Црвено-белите дома примаат гол на шест меча по ред против Романтичарите. Проблемот на ОФК е што редовно прима три или повеќе голови на стадионот „Рајко Митиќ“. Од март наваму, овие два тима се сретнале три пати на најголемиот српски стадион, и Ѕвезда даде вкупно 13 голови. За Ѕвезда ова е генерална проба пред реваншот со гибралтарски Линколн од квалификациите во ЛШ.

Предлог тип: 1 & 3-5 (1.65)

 

4249 Ботафого – Коринтијанс (23.30 часот)

Тимот од Рио де Жанеиро немаше многу време за одмор после Светското клупско, веќе одиграа три меча во бразилската Серија А и освоија седум бода. Ботафого има примено само 7 гола на 14 меча, а Коринтијанс дал 15 гола на 16 меча. Ботафого има пет бода повеќе и тоа од два одиграни меча помалку. Лани овие два тима се сретнаа двапати и Ботафого победуваше минимално со еден гол ралика. Во нивните меѓусебни дуели, пет години не било нерешено.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.85)

- Оглас -

Најнови вести