Домашните екипи треба да доминираат, преку 70 кошаркари за „плус-минус“ НБА понудата

Осум меча од НБА лигата се играат ноќеска, а на дури шест средби домашните екипи ја имаат улогата на фаворити, барем според коефициентите. Без многу проблеми се очекува Њујорк да ја победи Јута, Мајами да слави над Њу Орлеанс, а и Сакраменто да ги израдува своите навивачи против Филаделфија.

Со примамливи квоти за „сигурен кец“ се и Хјустон – Далас, односно Денвер – Аталанта. Единствен изразит фаворит на гостински терен е Чикаго во пресметката против Вашингтон.

Повеќе од 70 кошаркари се дел од понудата за „плус-минус“ поени. Интересно е дека на ниту еден кошаркар нема граница за 30+ поени, а има многу атрактивни играчи кои знаат да блеснат и да бидат незадржливи.

- Оглас -

Најнови вести