9.8 C
Skopje
недела, 2 ноември 2025

Домашните екипи треба да доминираат, Сан Антонио, Чикаго и Оклахома сакаат да останат перфектни

Осум мечеви се играат во НБА лигата, а на дури шест во улога на фаворити се домашните екипи. Возбудувањата ќе започнат уште од 21:30 часот кога актуелниот првак Оклахома на свој терен ќе игра против Њу Орлеанс.

Оклахома е апсолутен фаворит затоа што има шест победи од исто толку меча, а Њу Орлеанс е еден од двата тима кои уште нема ниту една победа во пет меча од новата сезона. Сигурни на свој терен треба да бидат и Кливленд против Атланта, како и Торонто во пресметката со Мемфис.

Лос Анџелес лејкерс дома ќе брка победа против Мајами, а Њујорк во „Медисон Сквер Гарден“ ќе има голем предизвик против досега непобедлнивиот Чикаго булс кој има пет победи во низа.

Сан Антонио го има најдоброто отворање на една сезона со пет победи по ред, а вечерва ќе гостува кај Феникс кој е со две победи и четири порази, па Спарси ќе се обидат да продолжат да испишуваат историја.

Покрај Њу Орлеанс, без ниту една победа е и Бруклин кој вечерва дома игра против Филаделфија, па гостите се фаворити за победа.

Преку 80 кошаркари има во понудата за „плус-минус“ поени. Првата ѕвезда на Лејкерс, Лука Дончиќ во трите меча кои ги одигра сезонава има просек од преку 45 поени по меч и треба да видиме дали ќе го продолжи овој жесток ритам.

- Оглас -

Најнови вести