6778 Албанија – Андора (20:45 ч.)
Албанија има само две победи во последните 10 меча, но токму овој меч против Андора е како порачан за да се врати самодовербата кај домашните фудбалери.
Андора е селекција која игра многу дефанзивно и на 12 од последните 13 средби кои ги има одиграно немало повеќе од два гола. Андора има пет победи и едно реми во шесте дуели со овој ривал. Нерешено било на единствениот дуел на кој Андора дала гол (2:2).
Сепак, ова сега се квалификации за СП и Албанија ако сака да биде конкурентна, едноставно нема да смее да пропушти да победи.
Предлог тип: 1-1&2-4 (2.40)
6781 Полска – Малта (20:45 ч.)
Полска се намачи пред три дена, но на домашен терен славеше минимално со 1:0 над Литванија за победнички старт во квалификациите за СП 2026. Сега повторно дома е фаворит против Малта, кога загуби од Финска дома во првото коло.
Повеќе од 20 години овие ривали не играле меѓу себе, но кога биле на теренот еден против друг, секогаш лесно победувала Полска.
Предлог тип: 1-1&0-3 (3.05)
6779 Англија – Летонија (20:45 ч.)
Тука нема дилема кој ќе победи, туку со која разлика на крајот ќе слави домаќинот. Англија и Летонија немаат играно досега, но јасно е дека на „Вембли“ ќе доминира некогашниот светски првак.
Тешко дека одбраната на гостите ќе може да одолее на нападите и тука треба да се очекува убедлив триумф на фаворитот.
Предлог тип: 4+ (1.67)
6777 Босна и Херцеговина – Кипар (20:45 ч.)
Двете селекции започнаа со победи во квалификациите. БиХ славеше на гости кај Романија со 1:0, а Кипар очекувано го победи Сан Марино. Домаќините се фаворити на овој дуел, а БиХ влегува со голем оптимизам.
На три од четирите меѓусебни дуели било многу возбудливо и двата тима постигнувале гол и било 3+, па така може да се очекува да биде и сега.
Предлог тип: ГГ3+ (2.60)
6051 Литванија – Финска (18 ч.)
Литванија загуби со 1:0, а Финска славеше со 1:0 во првото коло од квалификациите за СП 2026. Литванија е во очајна низа и има осум порази по ред, односно точно една година реди само неуспеси.
И Финска не беше во подобра ситуација затоа што имаше осум меча во коишто беше со седум порази и едно реми, а пред три дена славеше на Малта. Двете екипи негуваат дефанзивна игра и сигурно нема да има многу погодоци.
Предлог тип: 0-2 (1.55)