Доменек се замуабети, Крос му даде гол од корнер (Видео)

Тони Крос реагираше итро во 15-тата минута од полуфиналниот меч од шпанскиот Суперкуп и ја искористи чудната реакција на голманот на Валенсија, Доменек, и со гол директно од корнер му донесе предност на Реал Мадрид.

Резервниот голман на Валенсија како да заборави каде се наоѓа, се замуабети со одбранбените играчи на својот тим, а ситуацијата ја искористи Крос.

https://twitter.com/Cristianology7z/status/1214991385129938944?s=20

Првото полуфинале од шпанскиот Суперкуп е во тек и Реал по половина час игра води со 1:0. Се игра во Џеда, во  Саудиска Арабија, и победникот ќе биде прв финалист.

Во второто полуфинале, утре од 20 часот, ќе играат Барселона и Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести