Доминантен старт за Калин Ивановски на фјучерсот во Загреб

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, со импресивен настап го почна ИТФ фјучерсот во Загреб, потврдувајќи ја одличната форма.

Во првото коло Ивановски не му даде шанса на Германецот Дин Турнер, славејќи убедливо со 2-0 во сетови (6-0, 6-1). Македонецот делуваше моќно на теренот и целосно го наметна својот ритам.

Во осминафиналето нашиот тенисер ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Николо Чиварела и Душан Обрадовиќ.

- Оглас -

Најнови вести