Доминација: Фудбалерките на Лион со осма титула во ЛШ за 11 сезони

Женската екипа на Олимпик Лион триумфираше во Лигата на шампиони, откако во финалето, со 3:1 ја победи Барселона. Иако на хартија, Барселона делуваше како фаворит, сепак девојките во дресот на Лион покажаа доминација и по само 33 минути имаа предност од 3:0.

Амандин Анри, Ада Хегерберг и Катарина Макарио погодија за францускиот тим, а посебно атрактивен беше првиот погодок на Анри, кој е еден од најдобрите сезонава во ЛШ.

https://twitter.com/i/status/1528060837478268928

Фудбалерките на Барселона до полувремето само успеаа да намалат на 1:3 со голот на Путелјас, а во вториот дел каталонскиот тим немаше сила да ја стигне негативата.

За Олимпик Лион ова е осма европска титула во последните 11 сезони во Лигата на шампиони за жени.

- Оглас -

Најнови вести