Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во финалето на мастерсот во Мајами откако на доминантен начин го елиминираше Данил Медведев. Полуфиналето требаше да биде интересно и неизвесно, но Синер покажа доминација и победи со убедливи 6:1 и 6:2 во меч кој траеше еден час и 11 минути.
https://twitter.com/i/status/1773810195551887773
Силовито започна Синер и во првиот сет поведе со 5:0, а потоа Медведев успеа да добие еден гем на свој сервис, но тоа беше се што направи Русинот. И вториот сет беше сличен. Синер на моќен начин направи два брејка, стигна до 5:1 и тоа беше знак дека финишот ќе биде многу брзо.
За Синер ова е петта победа над Медведев во последните шест месеци. Интересно е дека Медведев ги доби првите шест меѓусебни дуели со Синер, а потоа следува доминација на Италијанецот кој има пет триумфи по ред против овој ривал.
Во второто полуфинале ќе играат Григор Димитров и Александер Зверев.