Доминација: Манчестер сити прв англиски клуб со 11 победи во една сезона во ЛШ

Манчестер сити е првиот овосезонски финалист во Лигата на шампионите оваа сезона откако составот на Пеп Гвардиола славеше и во реваншот против ПСЖ со сигурни 2-0, односно 4-1 е вкупниот резултат од двомечот.

Граѓаните вечерва ја остварија 11-тата победа сезонава во најелитното европско клупско натпреварување, што е апсолутен рекорд од еден англиски клуб. До финалето, избраниците на Гвардиола ги победуваа по двапати Марсеј, Олимпијакос, Борусија Дортмунд и Менхенгладбах, ПСЖ, а само еднаш се радуваше против Порто, ако се знае дека Змејовите на „Драгао“ издржаа да ремизираат без голови во мечот од групната фаза.

Останува утре да се види дали Челзи или Реал Мадрид ќе биде противникот на Сити во големото финале кое во Истанбул ќе се игра на 29 мај.

- Оглас -

Најнови вести