Доминација на Барселона: Ханси Флик втор месец по ред е прогласен за најдобар тренер во Ла Лига

Екипата на Барселона има шест бода предност пред Реал Мадрид на врвот од табелата во шпанската Ла Лига, а изминатиот викенд го прегази најголемиот ривал на негов терен со 0-4.

Овој, но и уште два натпревари кои се одиграа во октомври на Ханси Флик му ја донесоа наградата за тренер на месецоt. Барселона победи на сите три првенствени натпревари во октомври, и тоа со импресивна гол-разлика од 12 дадени и само еден примен гол. Освен во првенството, Kаталонците беа доминантни и на двата натпревари од Лигата на шампионите, па ги победија Баерн Минхен со 4-1 и Јанг бојс со 5-0.

Сето ова би значело дека Барселона во октомври победи на сите пет натпревари, на кои постигна 21 гол, а прими само два.

- Оглас -

Најнови вести