Кошаркарите на Денвер нагетс успеаја да го вратат брејкот и да израмнат на 2-2 во серија против ЛА Лејкерс. Никола Јокиќ беше лидер со 36 поени во победата на од 99-101, која беше остварена на уникатен начин. Арон Гордон со звукот на сирената при резултат 99-99, успеа со забивање да ја донесе победата за Денвер, нешто што никогаш претходно не се случило во историјата на НБА лигата, барем не откако се води детална статистика, а тоа е од сезоната 1997/98.
На мечот во Лос Анџелес имаше од се по нешто, па така во финишот на втората четвртина се случи и мешаница во која учествуваа кошаркарите на двете екипи.
Оклахома е првата екипа кој се пласира во конференциското полуфинале, откако со „метла“ и чисти 4-0 го елиминираше Мемфис. Гостите славеа со 115-117 и во следната фаза ќе играат токму со подобриот од серијата на Денвер и ЛА Лејкерс.
Победа забележаа и кошаркарите на Голден стејт, кои на домашен терен славеа над Хјустон со 104-93 и сега имаат водство од 2-1 во серијата.