Доминација на Лејкерс, еден кош на Голден стејт спречи добивка од 3,4 илјади долари (Видео)

Лос Анџелес лејкерс поведе со 2-1 во западното полуфинале на НБА плејофот против Голден Стејт вориорс, а на Истокот, дома победи Мајами хит кој сега има 2-1 против Њујорк никс.

Езерџиите со убедливи 127-97 го поразија актуелниот првак, а најазаслужен за победата беше Ентони Дејвис со 25 поени, 13 скока и четири блокади.

Леброн Џејмс (даде 21 поен, сите во првите три четвртини) за првпат во плејоф кариерата немаше ниту еден шут од поле во првата четвртина, а Голден стејт го користеше тоа и во еден дел од вториот квартал и имаше плус од 11 разлика, по што следуваше серија на Лејкерс од 30-8, и нивно водство од 11 на полувреме.  Стеф Кари со 23 поени беше прв стрелец во поразената екипа.

Враќањето на Џими Батлер во составот на Мајами, беше проблем за Никс. Жешките во Мајами победија со 105-86, а мотивираниот Батлер во првите шест минути од мечот постигна 8 поени и ја најави победата.

Добар податок за Лејкерс и Мајами е што во историјата на НБА плејофот, кога било 1-1, тимот што го добил третиот меч, ја добил сријата во 73,3 отсто случаи, а за Голден стејт и Њујорк четвртиот меч е клучен бидејќи после негатива од 1-3 во победи, само 4,7 отсто од екипите успеале да направат пресврт во 4-3.

Еден обложувач во САД, уплатил 100 долари дека Лејкерс ќе победи со 31 или повеќе поени разлика и можната добивка му беше 3.400 долари. Лејкерс водеше со 32 разлика, а во последниот напад Куминга од Голден стејт даде неважен кош за минус 30 и тоа беше хорор за обложувачот.

https://twitter.com/i/status/1655053550009872385

- Оглас -

Најнови вести