Возачите на Мекларен завршија на првата и втората позиција на квалификациите за трката на ГН на Австралија. Од пол-позицијата на утрешната трка ќе тргне Ландо Норис, а друштво од првиот ред ќе му прави клупскиот колега Оскар Пиастри.
Бранителот на титулата светски шампион, Макс Ферстапен, ќе стартува од третата позиција, додека возачите на Ферари имаа разочарувачки настап и ќе тргнат од четвртиот ред.
Леклер финишираше како седми, додека Хамилтон заврши на осмата позиција.
It’s #AusGP pole position for Lando Norris 🥇
Here’s the final classification after Q3 👇#F1 pic.twitter.com/XEft8KctfC
— Formula 1 (@F1) March 15, 2025