Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога против Миомир Кецмановиќ во српскиот дуел на Вимблдон, и со преубедливи 6-3, 6-0, 6-4 се најде во осминафиналето на гренслем турнирот кој се игра на тревната подлога.
Победата можеше да биде и поубедлива, Новак водеше 5-1 во третиот сет, но се опушти, па сонародникот освои три гејма по ред за поподнослив пораз.
Вимблдон е омилениот турнир на Новак, а денеска ја извојува 100-тата победа таму во својата кариера. Ѓоковиќ е третиот во историјата на тенисот по Мартина Навратилова и Роџер Федерер кој има 100 или повеќе победи на мечеви на Вимблдон.
Во наредното коло Ѓоковиќ ќе се сретне со 11-тиот носител Алекс Де Минор, кој досега загуби само еден сет на Вимблдон. Лани Ѓоковиќ и Де Минор требаше да играат еден против друг во четвртфиналето на Вимблдон, но Австралиецот без борба се повлече поради повреда.