Доминација на Шкендија, но само со еден гол предност ќе патува на реваншот во Велс

Фудбалерите на Шкендија славеа со минимални 1:0 против Хаверфордвест во првиот меч од првото квалификациско коло за пласман во групната фаза во Лигата на конференции.

Тетовските Црвено-црни доминираа на Националната Арена „Тодор Проески“, имаа 66 отсто посед на топката, упатија девет шутеви во рамките на голот на велшкиот тим, не му дозволија на противникот ниту еднаш да го загрози голманот Талески, но постигнаа само еден гол.

Голот за триумф го постигна Аденис Шала на стартот од второто полувреме, во 47-та минута. Реваншот ќе се игра идниот четврток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести